Судии и обвинители Албанци за „Титаник“

Поврзани вести

Најголемиот предмет на СЈО Титаник 1, во кој првообвинет е поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а во кој обвинета е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и повеќе други лица, ќе го суди како претседател на судечкиот совет етнички албанец. Се работи за најнеискусниот судија во новиот тим на одделението за организиран криминал, во кое се водат предметите на СЈО. Тој никогаш досега не судел вакви случи, бидејќи бил распореден во одделот за прекршоци, каде најмногу судел сообраќајни несреќи.

Дали Никола Груевски и поголем број функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат осудени ќе зависи од Шабан Османи. Се работи за судија од Скопје, за кого велат дека приватно има голема нетрпеливост кон Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, што веќе било забележливо на првото рочиште каде овој судија беше втор во советот, а првиот, поточно претседателот на советот е Огнен Старев, син на долгогодишниот комунистички висок функционер во претходниот систем Драгољуб Ставрев. Драгољуб Ставрев како член на КПМ, денес преименувана како СДСМ, бил на голем број државни и партиски функции, меѓу кои бил градоначалник на Скопје, министер во југословенската влада, Премиер на Македонија, претседател на Македонија, генерален секретар на централниот комитет на југословенската комунистичка партија и повеќе други. Никола Груевски беше долгогодишен водач на спротиставената антикомунистичка, десничарска ВМРО-ДПМНЕ.

Сублимирано, синот на поранешниот премиер од левицата, ќе го суди поранешниот премиер од идеолошки спротиставената антикомунистичка десница, и неговите соработници. Во тандем со Шабан Османи, Огнен Ставрев треба да одлучи за предметот ТНТ.

Покрај таткото, и синот на судијата Огнен Ставрев, е горд со своите левичарски погледи. Тој на Фејсбук заедно со синот на архитектот Мирослав Грчев со кого се блиски другари и комшии споделија фотографии како читаат книга со наслов: Сорос за Сорос. Истовремено неговиот татко, Огнен Ставрев, треба да одлучи дали ќе го прифатат според многумина незаконското и невистинито вештачење на Мирослав Грчев.

Дали претседателот на судот ќе реагира и ќе оцени дека постојат услови за одредување нов судија наместо Ставрев, останува да видиме.

Предметот против Груевски, Јанкуловска и уште едно лице за набавката на блиндирното возилото мерцедес, го води лично поранешната претседателка на Кривичниот суд, во време кога СДСМ беше на власт Добрила Кацарска.

Се на се, ,,одбрано друштво,, за Никола Груевски и останатите од ВМРО-ДПМНЕ.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top