Судијката Ивановска-Шопова целосно наклонета кон СЈО, не им дава збор на адвокатите на обвинетите

Поврзани вести

Претседателката на Апелациониот суд, Љиљана Ивановска- Шопова, според одредени информации пристрасно одлучувала во случаите кои пред судот ги поднесува СЈО, т.е. била целосно наклонета кој обвинителството на Катица Јанева.

Според информациите кои дојдоа до нашиот медиум, судијката Ивановска- Шопова не им давала право на збор на адвокатите на обвинетите во случаите од СЈО, при тоа многу фаворизирајќи го Обвинителството не слушајќи ја другата страна, која според законите има право да се брани.

Инаку, дополнителен доказ дека Ивановска-Шопова го фаворизира СЈО, е и фактот дека токму судот каде што е таа претседателка прифати т.н. „бомби“ на опозицијата да бидат доказ во некои судски процеси. Иако, според законот незаконско сниман и стекнат материјал никако не може да биде доказ во судски случај.

Инаку, политичкиот прогон кон оние кои не мислат на власта не е само во овој случај со Ивановска-Шопова, која со тоа што не им дава збор на адвокатите, го крши основното право на одбрана на обвинетиот.

За терористи во Македонија се обвинети лица кои протестираа на улица, кои го бранеа Уставот на земјата, а меѓу нив и еден од најдобрите оперски пејачи на светот Игор Дурловски, доајенот на македонското актерство, Владо Јовановски и уште многу граѓани кои поради изразување на својот револт од прекршувањето на уставот сега се во затвор обвинети за тероризам.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top