Тази дупка не е дупка: Платени новинари и историчари со лаги ќе го „перат“ Заев за виткањето кичма во Бугарија

Поврзани вести

Како што наближува денот за потпишување на договорот со Бугарија, така се зголемува нервозата во јавноста за неговата мистериозна содржина. Заев најави дека ќе славиме заедничка историја која ќе започне со гостување на Бугарите на Илинден годинава, и после тоа следеше молк кој токму поради најавата силно ја вознемири јавноста.

Она што се зборува интензивно последните неколку дена е дека владата засилено работи на „ангажирање како советници“ на што поголем број историчари и „специјален третман“ на новинари кои ќе станат сојузници на СДСМ во овој срамен договор со Бугарија.

Идејата на Заев и СДСМ е да се чува што е можно подолго договорот далеку од очите на јавноста и неколку дена пред неговото потпишување, пред свршен чин, да биде објавен кога сите се на одмор, за да нема време и енергија за достојна и заслужена реакција на незадоволните граѓани.

Како контрапункт, преку платена медиумска кампања и ангажираните новинари и историчари ќе сакаат да им го исперат мозокот на граѓаните дека се потпишува еден бениген договор за добрососедство кој воопшто не е штетен за Македонија од новото време, држава на свиткани кичми.

За таа цел очекувано е да читаме и текстови како овој, објавен на фактор.мк, во кој неколку историчари и „експерти“ од Бугарија и Македонија под раководство на синот на Чомовски од Телма, ќе учествуваат во текстот наречен: СОФИЈА И СКОПЈЕ ЈА МЕНУВААТ РЕТОРИКАТА: По говорот на омраза време е да се види „Братската љубов“

Прво, во последните 10 години ниту еден политичар од власта во Македонија не искажал навреда или омраза кон Бугарија, со што овој наслов не е точен. Второ, еден од експертите е Ѓорѓи Спасов кој своевремено за еден многу по-неопасен договор со Бугарија упатуваше жестоки критики кон тогашната власт.

Сега, со измислен проблем (говор на омраза) и измислен експерт (Спасов) Заев ќе се пере пред граѓаните за уште едно парче во велепредавничкиот мозаик кој има задача да го состави ако сака да има поддршка за да е на власт од неговите „пријатели“ кои преку него ги туркаат сопствените интерес во Македонија.

Надворешната политика која Заев ја води заедно со Димитров, како политика на максимална попустливост и одоброволување на сите максималистички барања на соседите, ја доведе Македонија во најлоша позиција во историјата кога е во прашање положбата на македонските национални интереси во однос на ставот на соседите.

Најдобра слика за катастрофалната надворешна политика на Заев и Димитров е средбата пред неколку дена на која Ципрас, Вучиќ и Борисов дискутираа за Македонија без нејзино присуство, и за прв пат во историјата овие три земји се сложија дека се за промена на уставното име на Република Македонија.

Досега Грција го спореше името, Бугарија јазикот, а Србија црквата. Но, тоа беше тоа. Откако Заев дојде на власт, на сите им стана јасно дека може да ја дигнат цената и да добијат се што ќе побараат. За апетитите на Тирана, не треба ни да зборуваме. Зоран Заев со својата сервилност за да дојде на власт, ја отвори пандорината кутија.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top