Темелна реконструкција на ул. „5“ во Визбегово

Поврзани вести

Почнува темелната реконструкција на улицата „5“ во Визбегово.

Стартот на реконструкцијата ќе го означи градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски.

Од општината информираат дека станува збор за една од позначајните улици во селото со должина од 2.100 метри која по темелната реконструкција ќе добие комплетно нов лик, а жителите на Визбегово современа и функционална сообраќајница. Од двете страни на улицата гравитираат околу 200 куќи во кои живеат над 1.000 жители со мешан етнички состав.

Реконструкцијата ќе опфати: вадење на постојниот асфсалт, ископ, изработка на долен и горен слој, изработка на тротоари, систем на одводнување, асфалтирање на сите шест оски…Овој проект ќе чини над 220 000 евра.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top