Тилерсон: Проблемите меѓу САД и Русија можат да бидат решени

Поврзани вести

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави денеска во Манила дека САД се подготвени да соработуваат со Русија и оти не е потребно влошување на односите меѓу двете земји поради несогласувањата.

Тилерсон, кој учествува во форумот за регионална безбедност на АСЕАН во Манила, по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија пројавила извесна волја за преговори, за да се пронајдат патиштата за решање на трнливиот проблем за Украина.

Државниот секретар додаде дека пристапува прагматично кон односите со Русија и оти смета дека проблемите можат да бидат решени.

Тој пред Лавров нагласи дека на Русија треба да и стане јасно дека мешањето во изборите е мошне сериозно нешто.

Тилерсон додаде дека САД ќе дадат одговор на 1 септември на одлуката на Москва за значително намалѕвање на бројот на американските дипломати во Русија.

– САД се уште не одлучиле каков ќе биде нивниот одговор, продолжи американскиот државен секретар и додаде дека му поставил на Лавров серија прецизни прашања за одлуката на Москва за соодветните дејствија на новите американски санкции, усвоени од американскиот Конгрес.

По средбата со Тилерсон во Манила, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија очекува потешкотии во гарантирањето на прекинот на огнот во последната од четирите заштитени зони во Сирија.

Русија, Иран и Турција усвоија во мај план за воспоставување четири зони на деескалација во Сирија и инстирираа сириската авијација да не лета над тие зони.

Според Лавров тешко ќе биде и да се изработат детали за прекинот на огнот околу сирискиот град Идлиб.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top