Трајановски и Трајковски на увид во Ченто- се реконструираат улиците погени од поплавите

Поврзани вести

Градоначалниците на Град Скопје и Општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски денеска извршија увид во градежните работи на реконструкцијата на дел од улицата „Јужноморавски бригади“ во населбата Ченто.

Улицата „Јужноморавски бригади“ ќе се санира на должина од 920 метри и ширина од 6 метри, на потегот од семафорите кај паркот во Ченто до сервисот „Дамевски“.

– Градежните работи на оваа делница од улицата „Јужноморавски бригади“ се во тек и согласно со димамиката, очекувам наредната недела да почне асфалтирањето. Оваа улица се реконструира како дел од акцијата за реконструкција на патната и комуналната инфраструктура во подрачјата зафатени од елементарната непогода минатиот август. Во рамките на оваа акција досега е завршена реконструкцијата на улици со вкупна должина од над 25 километри во сите населени места. Активностите интензивно продолжуваат на терен, каде што во моментов се реконстуираат улиците и во Камник, 4 улици во Црешево, улицата број 14 во Синѓилиќ, а од наредната недела ќе продолжат активностите во наслените места Економија и Булачани – кажа градоначалникот на Гази Баба Трајковски.

Градоначалникот Трајановски кажа дека со оваа улица продолжуваат активностите за целосно обновување на оштетената инфраструктурата во населените места кои беа погодени од големите поплави минатиот август.

– Улицата „Јужноморавски бригади“ е една од најважните улици во населеното место Ченто, којашто ја користат голем број жители, а истата води и до гробиштата во Камник. Оваа улица беше многу оштетена од поплавите и од таа причина истата влезе во програмата за реконструирање. Да Ве потсетам дека Градот Скопје издвои 150 милиони денари за реконструкција на оштетената инфраструктура во населените места погодени од минатогодишните поплави, кои се реализираат дел преку ЈП „Улици и патишта“, а дел беа дадени на Општина Гази Баба којашто ангажираше други компании за реконструкција на инфраструктурата – кажа градоначалникот Трајановски.

На реконстуркцијата на овој дел од улицата „Јужноморавски бригади“ ќе работат екипите на градежната компанија „Македонија пат“.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top