Трајановски најавува „Супер Скопје“ за супер забава цело лето

Поврзани вести

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска промовираше проект наречен „Супер Скопје“. Проект кој се однесува на забавниот дел, односно организирање на повеќе забави на повеќе локации преку викендите во август и почетокот на септември.

Трајановски најави дека за време на овие викенди, на локациите каде што ќе се одржуваат овие забави, работното време ќе биде зголемено за еден час.

-Овој проект е подготвуван заедно со сопствениците на угостителски објекти на повеќе локации од Градот Скопје. Една од локациите е покрај кејот, кафанчињата и рестораните покрај кејот. Забавата таму ќе биде на 18 и 19 август. Потоа во Чаршија на 25 и 26 август. На улица „Македонија“ на 1 и на 2 септември ќе биде забавата, а на улицата „Боемска 1 и 2“ ќе биде на 8 и 9 септември. Тоа значи дека на сите овие четири локации во викендите ќе има забава, при што секој од овие локации, сопствениците и менаџерите на овие објекти, се договорија да биде на две локации, истакна Трајановски.

Забавите би се случувале така што на пример, во петок тие ќе бидат концентрирани на улица „Боемска 1“, а во сабота на улица „Боемска 2“.

-Покрај тоа, би сакал да кажам дека на 8 август во Скопје се одржува Супер Купот, еден настан кој е од исклучително значење за Град Скопје. Тука се подготвува забава за Град Скопје. Она што е значајно и што е традиционално, а тоа е Пиволендот кој што почнува на 7 август и завршува на 12 август. Оваа година ќе биде збогатен со појаки музички ѕвезди или групи, потенцира скопскиот градоначалник.

Тој најави дека Пиволендот годинава ќе го затвори белградската група С.А.Р.С.

-Музичарите ќе се одредуваат заедно со сопствениците на угостителските објекти, на нивен предлог, бидејќи тие знаат каква музика сакаат да слушаат луѓето кои доаѓаат на тие локации, посочи Трајановски, повикувајќи ги сите оние кои во тој период ќе бидат во Скопје да одат на овие забави.

Вели дека засега не се знаат музичарите кои ќе настапат, но посочи дека најверојатно на кејот ќе настапат Бајага и Калиопи.

Трајановски најави дека во план е овие случувања да бидат традиционални и оти од следната година Град Скопје и угостителите ќе бидат поподготвени.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top