Трајановски за Алфа: Градот Скопје во неколку викенди од август и септември ќе промовира голема забава под мотото „Супер Скопје“

Поврзани вести

Градот Скопје ова лето во август и септември ќе промовира еден нов проект „Супер Скопје“, а овој проект ќе понуди поголема забава во градот, а ова го правиме заедно со сопствениците на угостителските објекти, вели градоначалникот на Скопје Коце Трајановски во вестите на телевизија Алфа.

-Забавата ќе се случува пет викенди ако се земе предвид и Пиволендот, една од локациите е кејот втората е старата скопска чаршија, третата е улица Македонија, додека четвртата локација е Боемска улица 1 и 2. Покрај кејот првиот настан ќе биде на 18 август во петок, а вториот на 19, следниот викенд на 25 август забавата ќе се случува во скопската чаршија, на први септември, петок забавата ќе се случува на улица Македонија и во сабота 2-ри септември. Последниот настан ќе се случи на 8 и 9 септември на Боемска 1 и 2. Покрај ова на седми август започнува Пиволендот, а завршува на 12 август и оваа манифестација за разлика од минатите години ќе биде позабавна, вели Трајановски.

Првиот татко на Скопје откри и дека на 12 август на Пиволенд ќе настапи и белградската група Сарс.

-Околу тоа кој музички бендови, пејачи или ди-џеи ќе ја збогатат програмата за време на овие викенди ги одредуваме заедно со сопствениците на локалите и нивните менаџери, бидејќи на секоја локација се слуша различна музика. Се надеваме и дека за една недела ќе ги имаме имињата на сите изведувачи за да знаат луѓето кој ќе дојде кој викенд, рече Трајановски.

Тој вели и дека нивната цел е оние кои ќе останат во Скопје да имаат добра забава. За викендите да не одат надвор од Скопје, а второто е да привлечат луѓе кои што ќе дојдат од надвор до Скопје.

-Ако успееме да довлечеме добри групи, добри бендови, добри Диџеи сметам дека и од другите градови ќе доаѓаат во Скопје бидејќи се зголемува понудата. Планираме на Советот на Град Скопје да го продолжиме работното време за еден час во однос на сегашното работно време, тоа и ќе го направиме заради тоа што е петок према сабота и сабота према недела. Период кога утредента се неработни денови. Сметаме дека со тоа ќе го зголемиме бројот на луѓето кои што ќе присуствуваат на овие забави.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top