Тренчовски: Постојат мафијашки структури во филмската дејност

Поврзани вести

-Се чувствуваме по малку обесправено и вчудоневидено, имајќи предвид дека сите морални, правни и постоечки аргументи се на наша страна. Едноставно, се најдовме во ситуација кога една мала група на луѓе со хипотетички вкрстени конфликти на интерес, сака да доминира врз мнозинството составено од публика, меѓународна и стручна јавност, селектори, академски жири-комисии, и да биде цензорско тело над самите нас како докажани автори, кои сме подолго време присутни во културната и филмската сфера, изјави за Денешен Весник режисерот на филмот “Златната петорка”, Горан Тренчовски.

Тој потврди дека со овој преседан се запознаени сите инстанци во земјава, како и поголемите дипломатски претставништва. Таквиот вештачки обид за блокирање едно дело да оди понатаму, нема така лесно да помине, рече Тренчовски.

-Секојдневно добиваме поддршка од граѓаните и од професионалците од засегнатите области, продолжи Тренчовски, така што се’ оди во наш прилог. Во оваа сеопшта ера на негации, противречности и непризнавања, секое камче на сатисфакција е драгоцено, кога станува збор за добивања награди од странство и верификација на креативниот труд од интернационални фестивали и установи.

И покрај се тој се уште верува во демократскиот капацитет на институциите на државата и убеден е дека со овој случај конечно се отвора пандорината кутија за постоење на некакви сиви еминенции и „мафијашки“ структури во одредени ешалони на филмската дејност, нешто за што и порано неговите поискусни колеги потајно зборувале и се сомневале, но можеби немало доволно критична маса да се отвори таа горлива проблематика која ги засега сите кои сакаат лојален континуитет и непристрасно препознавање на квалитетот и заслужените вредности.

-Многу ми е жал што предмет на овие полемики е една универзална филмска приказна чијшто предмет е една љубовна сага за слободарскиот дух и просперитет на 5-темина млади струмички студенти, жртви на мистериозните чисти на озлогласената УДБА, во некои мрачни времиња. Прогресивниот и прозападен идеал на моите протагонисти, меѓу другото, е содржан и во сентенцата „сонцето ќе огрее и за нас“ – потенцираше режисерот Тренчовски.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top