Летаат закани од Царовска до вработените и социјалните случаи

Поврзани вести

Владата на СДСМ заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска секојдневно ги злоупотребуваат своите функции во политички цели за претстојните локални избори.

Имено, Царовска вчера на 06.10.2017 се сретнала со вработените од подрачната единица на МТСП во Гевгелија. На средбата пред сите вработени Царовска почнала да се заканува на  вработената Ангелина Петкова за своите политички дејствија надвор од работното време.

Петкова за овие локални избори  е  кандидат за советник за општина Гевгелија  и претседател на Унија на жени од ВМРО-ДПМНЕ .  Различната политичка определба на вработената била причина Царовска вербално да ја нападне и јавно да се закани со процеирање на кривична пријава. Министерката дополнително им се заканила и на останатите вработени.

Наспроти овие закани од Царовска, вработените и потенцирале дека надвор од работното време секој има свое демократско право да дејствува во политичката заедница.

Со министерката  присуствувал и носителот на советничката листа од СДСМ, за Гевгелија Ташко Дојчинов. Тие заедно се упатиле во бараките каде се сместени  социјалните случаи. Царовска со Дојчинов им се заканиле на оваа група граѓани, со што им кажале дека ако не гласаат за кандидатот за градоначалник од СДСМ за Гевгелија, социјалната помош ќе им биде укината.

 

 

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top