Туск: Европската иднина на Полска е несигурна

Поврзани вести

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск синоќа изјави дека европската иднина на Полска е несигурна.

– Европската иднина на Полска денес е под прашање. Ги разбирам чувствата на Полјаците, кои стравуваат за судовите и за иднината на земјата во Европска унија, истакна Туск, кој е поранешен полски премиер.

Владата на Туск и центристичката партија Граѓанска платформа беше на власт осум години, а во 2015 година беше заменета од конзервативната популистичка партијата Право и правда, предводена од Јарослав Качински, брат близнак на загинатиот претседател Лех. Тој се залага за воведување на радикални реформи.

Дел од Полјаците оценуваат дека судскиот систем е корумпиран и наликува на тој од комунистичката ера, додека други сметаат дека реформите на Право и правда се обид за зацврстување на власта, со кои се нарушуваат демократските норми.

– Има многу прашања за кои постапките на полската Влада изгледаат многу противречно од гледна точка на ЕУ, а понекогаш вклучително и на Будимпешта, истакна Туск.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top