УЕФА: 2019 година финалтето на ЛШ на новиот стадион на Атлетико Мадрид

Поврзани вести

Новиот стадион на Атлетико Мадрид„Ванда Метрополитано“, минатиот викенд беше пуштен во употреба.За објектот беа потрошени 240 милиони евра и е со капацитет од 67.600 гледачи.

Главното финале за ЛШ сезона 2018/19 е закажано за 1 Јуни.Мадрид е втор град во историјата, по Лондон, со број на одржани настан. Досегашните четири меча за титулата се организираа на „Сантијаго Бернабеу“ во 1957 година, во 1969 година, во 1980 година и во 2010 година.Финалето во Лига Европа за сезоната 2018/19 ќе се одигра на 29 мај на Олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан, а Суперкупот на стадионот на Бешикташ на 14 август. Завршниот натпревар во женската ЛШ за таа сезона ќе биде во Будимпешта, на стадионот на Ференцварош за што датумот ќе биде дополнително одреден.Битката за трофејот во тековната сезона во ЛШ ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Киев на 26 мај, финалето во ЛЕ ќе биде на 16 мај во Лион додека европскиот Суперкуп е закажан на 15 август на „Ле Кок арена“ во Талин, Естонија.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top