Уште еден неуспешен обид на украинската полиција за апсење на Саакашвили

Поврзани вести

Украинската полиција и денеска не успеа да го притвори поранешниот грузиски претседател и актуелен украински опозициски лидер Михаил Саакашвили.

Неговите приврзаници поставија камп од шатори во близината на украинскиот Парламент, од каде Саакашвили го повика претседателот на Украина, Петро Порошенко да поднесе оставка и го обвини за корупција.

– Полицијата ме бараше во мојот шатор, но по грешка влегоа во соседниот шатор, каде ги претепаа моите поддржувачи. Го прашувам Порошенко, каква е целта на овие провокации? Не ги напаѓајте луѓето, не ги терајте да се бранат. Ова е мирен протест, напиша Саакашвили на Фејсбук за најновиот обид за негово апсење.

Украинското Обвинителство вчера на Саакашвили му даде рок од 24 часа самиот да и се предаде на полицијата.

Првичниот обид за негово апсење, вчера изутрина, заврши неуспешно откако Саакашвили се качи на покривот на неговата зграда од каде ги повика неговите поддржувачи на протести. Набргу потоа, масата луѓе го извлече од полициско комбе во кое беше притворен и обидот за апсење се претвори во масовен протест пред украинскиот Парламент.

Киев протести Саакашвили

Обвинителството започна процес против Саакашвили под обвинение за обид за уривање на уставниот поредок. Обвинението дојде откако Саакашвили за време на викендот организираше протести против Порошенко.

Саакашвили, кој беше водач на протестното движење кое го урна од власт поранешниот грузиски претседател Едуард Шеварднаѕе, беше претседател на Грузија од 2008 до 2013 година. Во 2015 година, по Мајдан револуцијата во Украина, која ја поддржуваше, беше именуван за гувернер на областа Одеса. Грузија му го одзема државјанството во 2015 година, откако тој зема и државјанство на Украина, а во јули Порошенко му го одзеде и украинското државјанство.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top