В.д. директорот на МОБ Рајковски го стопира мјузиклот за Тоше ”Тајно моја”

Поврзани вести

Мјузиклот ”Тајно моја” во режија на Тони Михајловски е симнат од репертоарот на Македонската опера и балет (МОБ) до крајот на 2017 година, а неизвесна е и балканската турнеја. Илија Рајковски, в.д. директорот на МОБ најави дека имало преговори за балканска турнеја на ”Тајно моја”, но засега се откажува. Според него, парите за турнеја со кои располага МОБ, 20 илјади евра се премалку, иако словенечките менаџери веќе се обврзале да ги обезбедат сите средства за патувањето до трите градови и дневници за учесниците (музичари, кореографи, балетски ансамбл, технички лица).

Словенците, кои главно работат со светски имиња и ги носат на Балканот, се обратиле до МОБ за организација на турнеја на Тајно моја, која би се оджала од октомври до декември во Белград, Загреб и во Љубљана. Но, неизвесно е одржувањето на мјузиклот, бидејќи в.д. директорот Рајковски побарал државна финансиска ревизија за досегашното работење на куќата.

Инаку, парите за ”Тајно моја” беа обезбедени од министерството за култура, бидејќи проектот беше дел од годишната програма на МОБ. Претходно за потребите на претставата имаше кастинг-талент шоу кое почна на 28 ноември 2016 година, како копродукција на МОБ и телевизија Канал 5. Кастинг-талент шоуто се финансираше од сопствени средства на МОБ, добиени по пат на спонзорства  од компании кои се рекламираа во шоуто. Целта беше да се изберат едно момче и едно девојче кои ќе ги толкуваат главните улоги во мјузиклот во продукција на МОБ.

Аранжманите на песните се на Кокан Димушевски и Сони Петровски, кој во времето на подготовките на мјузиклот беше уметнички директор на Операта. Во претставата настапуваат Оркестарот, Хорот и Балетскиот ансамбл на МОБ. Мјузиклот во чест на Тоше Проески по либрето на Огнен Неделковски премиерно беше изведен на 24 март годинава и имаше десет изведби. Талент шоуто траеше 2 месеци, од 108 кандидати беа избрани 12 финалисти и сите учествуваа во мјузиклот. Победници беа Антонија Гиговска и Денис Димовски. Во жирито беа Игор Џамбазов, Сара Мејс, Игор Дурловски, кој беше директор на МОБ во тој период.

Мјузиклот Тајно моја е проект во копродукција на со фондацијата ”Тоше Проески” во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда по повод од неговата прерана смрт. Мјузиклот е базиран на музичките хитови на Тоше Проески како Тајно моја, Немаш ни благодарам, Игри без граници, Полско цвеќе, Усни на усни, Сонце во твоите руси коси и други.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top