Вардар по историски успех кај Фенербахче, Шкендија домаќин на Милан во плеј-офот за ЛЕ

Поврзани вести

Македонските претставници Вардар и Шкендија вечерва ќе ги одиграат реванш дуелите против Фенербахче и Милан во рамките од плејофот за место во Лига Европа.

Шампионот Вардар на гостувањето во Истанбул кај Фенербахче ќе брка историски пласман во групната фаза. Победата од 2:0 на првата средба во Скопје на македонскиот првак му дава реални шанси да ја мине последната квалификациска фаза.

Од друга страна, тетовска Шкендија која од гостувањето на „Сан Сиро“ кај Милан се врати со убедлив пораз од 6:0, вечерва против „росо-нерите“ ќе се обиде само на достоен начин да се прости од Лига Европа.

Дуелот Фенербахче – Вардар ќе започне во терминот од 19 часот и 30 минути, додека средбата Шкендија – Милан која ќе се игра на „Телеком Арената“ во Скопје и ќе започне од 20 часот и 45 минути.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top