ВЕЛИМИР СМИЛЕВСКИ СЕ ПЛАШИ ОД СВОИТЕ ИСКАЖАНИ СТАВОВИ ВО ЈАВНОСТ

Поврзани вести

Во емисијата Само Вистина на Канал 5, Костовски го обвини Смилевски дека не е доволно информиран за настаните и случувањата во општината за која се кандидира како градоначалник.

Костовски продолжи посочувајќи му на  Смилевски дека ги потценува  граѓаните и не ги познава улиците во Бутел бидејќи Смилевски  дека избегал од Бутел и живее во Центар.

Костовски исто така му укажа на  Смилковски дека на вечерта на изборите за време на славењето, членови на општинска организација на СДСМ во Бутел пукале со огнено  оружје по улиците на населбата и правеле нереди. Костовски го потврди овој настан со фотографии, и додаде дека таков инцидент се нема случено во последните 26 години.

Смилевски во одбрана, потврди дека луѓето кои пукале се членови на СДСМ, но дека не ги видел фотографиите нити знаел за настанот.

Кандидатот за градоначалник на Бутел од СДСМ запрепастен, одби да го искаже својот став за поставувањето на крстот во Бутел.

Дебатата продолжи со прашањето за изјаснување на ставовите за поставувањето на крстот во Бутел.

Смилевски  тврдеше дека тој проектот не им бил објаснет доволно добро на советниците од СДСМ  од страна на ВМРО ДПМНЕ , дека се работело за поставување на урбана опрема, додека еден од советниците на СДСМ гласал против одлуката за изградбата на крстот .

Костовски  на тоа потенцираше дека претходно Смилевски се обратил кон јавноста преку медиумите за своето мислење за инцидентот а сега за време на изборната кампања истото мислење одби да го сподели пред граѓаните.

 

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top