ВИДЕО: Мицкоски со сопругата на вечерната бадникова литургија во Католичката црква

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва заедно со сопругата Рози присуствуваа на Светата литургија по повод Католички Божиќ во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Мицкоски по повод најголемиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик, упати и честитка до католичките и протестантските верници во Македонија.

-Ви посакувам многу пријатни празнични мигови, среќа и благосостојба во Вашите домови. Нека Рождеството Христово роди нова надеж во Вас, нека донесе светлост во Вашите домови и многу радост, среќа и здравје на Вас и Вашите најблиски. Славењето на Рожденството Христово значи славење на љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божиќ е празник на семејството. Божиќната радост треба да биде споделени со најмилите и најблиските. Божиќ учи на солидарност, да споделуваме и да им помагаме на оние на кои тоа им е потребно. Божиќ учи да бидеме човечни и да ги сакаме нашите блиски, но и луѓето кои не ни се блиски. Толеранцијата и почитувањето е темел на Христијанството, стои во честитката од Мицкоски до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија и се додава:

„Во овие моменти најмногу ни требаат овие вредности. И кога добрината е нападната од нечесност, во времиња кога притисоците и одмаздата стануваат основна детерминанта во општеството, а стравот кај луѓето главно чувство, да не заборавиме на разумот и мудроста. Да не заборавиме дека времето потрошено на омраза, значи помалку време за добрини и напредок. Дозволете ми уште еднаш до сите верници кои го слават католичкиот Божиќ да го честитам овој голем празник. Ви ги упатувам моите најсрдечни поздрави. Ви посакувам многу мир и спокој. Нека Бог го осветли Вашиот пат. Нека донесе многу радост во вашите домови“.

Исто така Мицкоски го честита Божиќ на верниците од Евангелско-протестантските цркви во Република Македонија, со желби за радост, љубов и среќа во нивните домови.

Инаку, хритијанските цркви кои го прифатиле сметањето на времето според Грегоријанскиот календар, го слават Божиќ на 25-ти декември.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top