Владата излезе со првата мерка за почист воздух- ја укина акцијата „Ден на дрвото“

Поврзани вести

Владата вчера на седница донесе заклучок за престанок на акцијата „Ден на дрвото“, а причина како што велат од Илинденска се слабите ефекти од досегашното спроведување.

Чистиот воздух, исто како и ветувањето за живот на сите се лажни пароли и лажни ветувања кои ќе станат синоним за неспособноста влада на СДС и Зоран Заев.

Овие две ветувања ќе се вбројат во редот на големи лаги на СДСМ како онаа дека ќе вработеа по еден од секое семејство, и дека ќе носеле инвестиции.

Имено, десетгодишната акција „Ден на дрвото“ беше силно поддржана од претходната Влада со сите надлежни министерства, од Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС) со општините, ЈП „Македонски шуми“, како и од дипломатскиот кор во земјава.

Целта на акцијата беше да се стави акцент на сите придобивки од пошумувањето за здравјето на луѓето, животните и целиот био-свет. Од 2008 година, кога почна акцијата „Ден на дрвото“, досега се пошумени нешто повеќе од 13.000 хектари со над 35 милиони садници, а само минатата година, пошумени биле над 500 хектари со повеќе од 2,6 милиони дрвца.

Колку за потсетување, најреномираните светски медиуми како Франспрес, Ројтерс, Би-Би-Си, со восхит известуваа за акцијата, па така таа и донесе меѓународна афирмација на Република Македонија.

Владата на СДСМ и Заев наместо по градење исклучиво ќе се памети по уривање, стопирање, и наметнување на нови давачки.

 

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top