Владата на СДСМ ја заборави најранливата категорија на граѓани

Поврзани вести

Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев заедно со министерката Мила Царовска кои најавијa живот за сите граѓани, очигледно заборавија на најранливата категорија на граѓани. Од нивното четири месечно владеење граѓаните  добија само лажни ветувања, и укинати проекти кои претходно се покажаа како доста ефикасни.

-Единствена влада која што реално покажала грижа за оваа категорија на граѓани кои што припаѓаат на различни социјални категории е владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Слободанка Алексовска-поранешна директорка на Агенцијата за вработување на РМ од Скопјe.

Во периодот од 2006-2016 кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт социјалната парична помош се зголеми за цели 69,8%. Тоа всушност означува дека во 2006 година социјална парична помош изнесуваше 2900 денари, во 2017 се зголемила на 4927 денари.

Освен раст во социјалната парична помош ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми и постојаната парична помош. Во 2006 социјалната парична помош изнесуваше 3695 денари, а во 2016 изнесуваше 6228 денари односно за период од 10 години социјалната парична помош беше зголемена за 68,5%.

Доста значајно е и тоа што деновиве  претседатело на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски  најави и уште два нови проекти, а тоа се стекнување на сопствен дом и опис на долгови на социјални случаи.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top