Владата на Заев го злоупотребува „Југохром“ за изборни цели

Поврзани вести

Во Владата денеска беше потпишан меморандум за разбирање за рестартирање на фабриката „Југохром“ од Јегуновце. На два дена пред избори, во обид да добијат глас повеќе, Заев и Анѓушев ставија параф на популистички договор, со што манипулираат со целата македонска јавност.

Меморандумот го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, Васко Скендеровски како претставник на „Југохром“ и Бајрам Амити, од синдикатот на вработените во фабриката.

Жителите на Тетово и околните села можноста за повторно отворање на Југохром ја оценуваат како „предизборен маркетинг“. Тие остро се противат на рестартирањето на комбинатот без претходно да се исполнат сите стандарди, односно да се постават сите филтри.

Покрај ова, останува нејасно како дојде до потпишување на овој меморандум од страна на Анѓушев, зашто „Југохром“ е еден од должниците на неговите фирми. Тој, всушност, има и свој личен интерес за што побрзо отпочнување со работа на „Југохром“, настрана од интересот на СДСМ на два дена до локалните избори. Ова претставува груба манипулација со целокупната македонска јавност од страна на Заев и Анѓушев, кои очигледно видоа заеднички интерес во целава ситуација.

Ова не е прв пат Заев и неговата Влада да донесуваат популистички одлуки во пресрет на локалните избори. Тие го донесоа и законот за минимална плата, покрај тоа што ДКСК (Државната комисија за спречување на корупција) се изјасни негативно и кажа дека се повредуваат одредени закони доколку истиот биде донесен во периодот пред локалните избори.

Очигледно е дека Владата на Заев не ги почитува ниту законите, ниту насоките кои им се даваат и самоволно донесуваат одлуки од кои, пред се, имаат сопствени интереси.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top