Владо Мисајловски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров

Поврзани вести

Поранешниот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров, за претстојните локални избори, закажани за 15 октомври, годинава, одлучила најголемата политичка партија во земјава и освојувач на најголем број гласови на последните парламентарни избори.

-Владо Мисајловски беше еден од најуспешните министри за транспорт во Македонија, а функцијата ја извршуваше од 13 мај 2015 до 1 јуни 2017 година. Пред стапи на функцијата министер, Мисајловски беше Државен секретар во Министерството за надворешни работи. Исто така Владо Мисајловски беше и прв човек на Јавното претпријатие за државни патишта, пишува порталот НетПрес.

Тој дипломирал на Факултетот за општествени науки – Дипломатија и меѓународна политика, дипломиран дипломат – политиколог на универзитетот „Свети Крил и Методиј“ во Скопје.

-Мисајловски, или популарно познат во населбата како Кендо, е човек кого ѓорчепетровци одлично го познаваат и почитуваат како умерен, работлив и исполнителен човек. Тој потекнува и живее во населбата Ѓорче Петров, каде исто така живеат и неговите родители. Се очекува негова сигурна победа во трката за градоначалник на Ѓорче Петров, пишува НетПрес.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top