ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во изминативе 10 месеци ни покажа дека нема ни план, ниту пак знае како да ја води Македонија

Поврзани вести

СДСМ ја зароби државата. Република Македонија стагнира.

Економијата нема раст. Правосудниот систем наместо по закон, работи по диктат. Сите проекти се во застој. Бизнисмените чувствуваат несигурност. Земјоделците немаат пласман за својот род. СДСМ ја запусти државата.
Под власта на СДСМ Република Македонија нема економски раст.

За да знаат граѓаните за каква катастрофална влада се работи еве една споредба. Растот во 2017 година е 0%, а во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година, државата го оствари највисокиот раст на БДП во историјата на државата од 6.1%.

Во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, во 2007 година, во државата дојдоа странски инвестиции од 8.5% од БДП. Во првата година од владеењето на СДСМ нови странски инвестиции речиси и да нема. Владата се фали со инвестициите договорени во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Разликите се очигледни и затоа оваа неспособна власт треба да замине. Република Македонија под власт на СДСМ нема перспектива. СДСМ во изминативе 10 месеци ни покажа дека нема ни план, ниту пак знае како да ја води Република Македонија.

Прес – конференција на Драган Данев

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top