ВМРО-ДПМНЕ градеше, СДСМ стопира

Поврзани вести

Додека владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 60 градинки, СДСМ за период од четири месеци „успеа“ да најави мерка за градинките или тие да работат и во втора смена. Но, праксата покажа дека ова е нереално ветување.

-Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска  и по четири месечното владеење не се потрудија да работат во интерес на граѓаните. Министерката Царoвска од 1 Септември најави двосмеснко работење во градинките,  но тоа никaко да се реализира. Наместо владата на СДСМ да работи за доброто на најмалите, тие воведуваат нереална и збунувачка мерка, велат познавачите на приликите.

За разлика од СДСМ, фактите говорат дека  ВМРО-ДПМНЕ во периодот на владеење има голем број проекти и мерки кој ги реализираа за најмладата популација.

-Во периодот од 2007 до  2016 кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ се отворија  вкупно 87 објекти за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Од вкупно 87 објекти, 60 објекти се во фукнција за детски градинки, а 27 се центри за ран детски развој, информираат извори упатени во оваа област.

Истите укажуиваат дека дополнително на ова до 2017 е завршена изградбата на уште 6 градинки и тоа во Карпош, Гази Баба, Виница, Новаци, Зрновци, Караслари.

Во завршна фаза се уште 8 градинки  и тоа во Врапчиште, Јегуновце, Кавадарци, Чашка, Младо Нагоричани, Куманово, Прилеп, Гевгелија.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top