ВМРО-ДПМНЕ: Цели градови се гушат во смог, а ветувањата на СДС доживуваат фијаско- наместо почист воздух, нивото на загаденоста урива рекорди

Поврзани вести

Болниците се преполни со пациенти со респираторни заболувања, а последиците од загадениот воздух се повеќе ги чувствуваат и децата и возрасните. Единствен спас граѓаните гледаат во затварање во сопствените домови. Владата на Зоран Заев 6 месеци нема превземено ниту еден суштински чекор за прочистување на воздухот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо почист воздух, нивото на загаденоста урива рекорди. Цели градови се гушат во смог, а ветувањата на СДС доживуваат фијаско. Експертите апелираат дека по одредено време на изложеност на загаден воздух, штетата по организмот е огромна, а загадувањето најмногу се одразува врз кардиоваскуларниот систем, предизвикувајќи низа заболувања. Наместо да се справуваат со загадувањето, градоначалниците на СДС тргнаа со контрамерки. Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ градот, се вели во соопштението и се додава:

„Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање секојдневно алармираат превисоки концентрации на ПМ10 честичките, загадено е низ цела Македонија, вчера особено алармантно беше во Тетово, изнесуваше 120 мг/м3. Додека во Карпош изнесуваше 106 мг/м3, а во Кавадарци 101 мг/м3. Згора на тоа СДС се дрзна да го укине и Ден на дрвото. Преку оваа акција досега се засадија над 36 милиони садници, со над 50 отсто успешност, што е висок процент за ваков тип садници“.

Граѓаните, стои во соопштението, врз сопственото здравје почнаа да ги чувствуваат лагите и манипулациите на владата на СДС. На Заев му е побитно да продава евтин популизам отколку да реализира реални мерки со кои ќе се подобри живеењето на граѓаните на Република Македонија.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top