Во екот на туристичката сезона, Струга речиси без вода за пиење

Поврзани вести

Туристичката сезона во Струга веќе почната, но градот повторно се соочува со старите проблеми. Хотелиерите се жалат дека водата од градскиот водовод во поголемиот дел од денот доаѓа со слаб притисок и голем број туристи се жалат за тоа.

Во поголемиот дел од хотелските капацитети во градот поставени се хидрофори.

-Оваа појава има негативно влијание врз туризмот и нашиот профит. Ние не можеме да се оправдаме пред странските туристи. За нив тоа е чудно. Во утринските часови немаме вода, додека пак ние се правдаме дека проблемот не е кај нас, изјави за Алсат-М Наум Угреновиќ, сопственик на хотел.

Од ЈП Проаква во Струга апелираат до граѓаните водата да ја користат на разумен начин. Тие велат дека во јули и август поради високите температури и поради туристите, постои можност од недостиг на вода за пиење.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top