За носителот на листа од СДСМ Охрид македонскиот народ е лебарка

Поврзани вести

Константин Георгиевски, носителот на листа на СДСМ во Охрид, секој ден приредува скандалозни настапи на социјалните мрежи. Она што може да се забележи на неговиот Facebook профил е поистоветувањето на македонскиот народ со инсекти. Тој поставил профилна на која има лебарка со македонско знаме, а на неговиот лик поставил албанско знаме.

Неговиот став јасно го искажа вчера во коментари каде јасно им покажа на македонците дека не му е важно дали ќе опстојат како народ или не, важни му се само парите кои истакна во коментари дека ги има.

Ова е удар по чувствата на македонскиот народ, особено од човек кој доаѓа од градот кој е лулка на македонската историја.

Од ВМРО-ДПМНЕ со соопштение ја повикаа владејачката партија да се огради од овие испади на Георгиески:

-Ја повикуваме СДС јавно да се огради од неговите испади и да им се извини на граѓаните за ваквите најблаго кажано испади на носителот на нивната листа, со кои тој врши досега невидено омаловажување на јавно кажаниот збор од политичар, врши недозволива естрадизација на јавноста и целосна девалвација на фунцкијата Советник.  Воедно изразуваме надеж дека серијалот вакви испади ќе заврши и партијата СДС ќе најде начин да го исконтролира овој очигледно неконтролиран процес на сеење вулгарности од најниско ниво во јавноста.

 

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top