Заев го штити диктаторот – советник Теодосиевски

Поврзани вести

Премиерот Зоран Заев се уште не го разрешил посебниот советник на министерот за култура Роберт Алаѓозовски – Златко Теодосиевски. Заштитен од премиерот тој и понатаму е во советничката фотелја и вршител на функција во министерството. Советникот кој во својата колумна посветена на филмот ”Кога денот немаше име ”, ја обвини Лабина Митевска за нацизам, заедно со нејзината сестра Теона ги нарече Рифеншталки и ги обвини за повикување на омраза кон Албанците, се уште не е отстранет од својата функција. Тој како во времето на Сталин и фамозниот социјалистички реализам на Андреј Жданов, во текстот манифестира сурова догматска крутост, административна забрана и прогон во културата.

Диктаторскиот однос на советникот оди до таму, што тој си дава за слобода и право да го оцени филмот на Теона Митевска како бескрајно лош и крајно неморален филм, додека престижни портали како  ”Синеропа” и референтниот  ”Скрин дејли” и други, излегоа со многу позитивна критика, опишувајќи го како најдобро остварување на Теона, која со овој филм прави нов, смел чекор напред.

Премиерот Заев и покрај тоа што беше јавно прозван во писмото на Лабина и покрај притисоците од јавноста заради заштита на слободата на изразувањето, се уште не го разрешил посебниот советник на Алаѓозовски. Дали Заев ја прочитал колумната на Теодосиевски, каде тој во текстот се закани дека филмот никој освен фестивалската публика во Битола нема да го види, па дури прети и со цензура? Доколку премиерот не ја осуди неговата колумна или воопшто не реагира на неоснованиот напад, тоа говори дека токму Заев е покровител на овој политички прогон.

Најстрашното во целата работа е игнорантскиот однос на министерството за култура кон македонските филмови. Изјавата дека претставниците на министерството за култура и на владата на Република Македонија наводно нема да го гледаат филмот пред неговата јавна премиера и тоа дека тие не се гледале себеси во улога на цензори и критичари покажува само една огромна негрижа кон македонската уметност и култура. Да не се гледа филм и притоа да се критикува е само еден клеветнички неоснован напад. Изјавите пак, од типот дека колумната на советникот на Алаѓозовски е негов личен став и во никој случај не ги одразува официјалните ставови и политики на министерството за култура е ноторна глупост. Па, во која институција работи Теодосиевски? Во чие име дава изјави и пишува текстови? На крајот на краиштата кого советува тој и за што го советува? Кој е неговиот ангажман како посебен советник во министерството за култура? Да критикува и негира, но не во својство на советник во министерството, туку како обичен граѓанин? Сите негови досегашни колумни се со фашизоидна реторика, хајки и политички прогон. Тој е познат и по плукањето по музеите на Тоше Проески и на Скопјанката Мајка Тереза. Знаејќи ги неговите ”лични ставови”, Алаѓозовски сепак се одлучи Теодосиевски да му биде негов посебен советник во министерството.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top