Заев го ускратува правото на глас на граѓаните: со своите политики ја загрозува безбедноста и економијата на државата

Поврзани вести

 

Владините институции го кршат уставот

Незаконска е одлуката на Државниот инспекторат за локална самоуправа да ги запре решенијата на општините со кои е одлучено да се организираат референдуми за доселувањето на мигранти.

Уставот на Република Македонија, Европската повелба за локалната самоуправа на Советот на Европа, како и Законот за локална самоуправа на РМ го гарантира правото на локална самоуправа на сите граѓани во земјата.

 

Согласно член 5 од Законот за локална самоуправа, правото на локална самоуправа граѓаните го остваруваат непосредно преку референдум и граѓанска иницијатива. Според член 54 од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Со оглед дека Уставот на ниту еден начин го нема ограничено правото на организирање локален референдум, граѓаните како носители на власта во државата имаат суверено право самостојно да одлучатдали ќе организираат или нема да организираат локални референдуми за населување на мигранти во нивните општини. Ова право граѓаните го влечат од Член 2 од Уставот на Република Македонија со кој е предвидено: суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта освен што ја остваруваат преку демократски избрани претставници, ја остваруваат и директно преку референдум,граѓанска иницијатива и други облици на непосредно изјаснување

Според експертите за уставно право, „Уставот, Европската повелба, како и Законот за локална самоуправа ниту го ограничува, ниту го забранува правото на референдумско изјаснување на граѓаните за прашања што имаат изразено локално значење, и за прашања со силно изразен јавен интерес на граѓаните. Населувањето мигранти на територијата на општините во РМ не претставува само прашање што има локално значење. Ова е и прашање што може сериознода ја загрози безбедноста и сигурноста на државата и на сите нејзини граѓани, како и да има катастрофални ефекти врз националната и локалната економија. За законитоста за одредени прашања единствено одлучува Уставниот суд на Република Македонија и оттука инспекторатот за локална самоуправа нема право да ги запре решенијата на општините или да ја преиспитува нивната законитост“.

Сомневањата на Инспекторатот се дека општините го прекршиле член 20 од Законот за локална самоуправа кога донеле решенија за организирање на локалните референдуми. Токму членот 20 и членот 21 од Законот за локална самоуправа го дава правото на општините да организираат референдуми. Во него стои дека општините, во рамките на законот,во согласност со начелото на супсидијарност, имаат право на своето подрачје да ги вршат работите од јавен интерес од локално значење, што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.

Начелото на супсидијарност и работите од јавен интерес од локално значење оставаат законска можност на општините да одлучат за распишување референдум на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат дали се „за“ или „против“ населувањето мигранти во нивните локални средини.

Инспекторатот за локалната самоуправа нема право да ги запира решенијата на општините само затоа што се сомнева во нивната законитост. Сомнежот на Државниот инспекторат за локална самоуправа не може да го спречи извршувањето на решенијата, бидејќи единствено Уставниот суд на РМ може да одлучи дали некој акт, пропис или дејствие е незаконит и како таков треба да биде поништен заедно со правните последици што таквиот незаконит акт или дејствие ги има произведено. Сомневањата на Државниот инспекторат за локална самоуправа не можат да бидат посилни од Уставот и од законите во земјата.

Скандалозна и незаконска е одлуката на Државниот инспекторат

Денеска и ВМРО ДПМНЕ на прес конференција ги повика СДСМ да не им го ускратуваат правото на граѓаните за одлучување преку референдум бидејќи тоа им е загарантирано право со Уставот на Р. Македонија. Оттаму велат дека: Владата предводена од СДСМ во континуитет го крши Уставот на Р. Македонија. Скандалозна и незаконска е одлуката на Државниот инспекторат за локална самоуправа, донесена под диктат на Заев и владата, да ги запре решенијата на општините со кои е одлучено да се организираат референдуми за доселувањето на мигранти.

Владата на СДС на чело со Зоран Заев и Мила Царовска излезе со стратегија за трајно населување на мигранти во Македонија кои ќе добијат работно место и стан од државата во услови кога македонската економија се движи во надолна линија заради политиката на новата Влада а започна да расте и невработеноста.

Ваквата одлука е најдобар показател дека владата на Заев се плаши од мислењето на народот и сака по секоја цена да ја спроведе програмата за масовно доселување на мигранти во државава, истакна Никола Србов од ВМРО ДПМНЕ.

Јавноста веќе подолго време стравува од ефектот врз безбедноста и економијата при населувањето на мигранти на територија на Р. Македонија. Информациите велат дека до крајот на годината се претпоставува дека во земјата ќе пристигнат 3.500 емигранти, додека следната година прогнозата е дека нивниот број ќе биде од 5.000 до 7.000, целосната бројка на емигранти кои треба да се населат во Македонија, според некои медиуми, изнесува неколку десетици илјади.

Уставниот суд мора веднаш да го отфрли ова решение

Претходно ВМРО ДПМНЕ излезе со реакција по ова прашање во која подвлекуваат: Заев по секоја цена сака да се спроведе нивната програма за доселување на мигранти. Референдумот е граѓанско и пред се уставно загарантирано право кое гледаме дека Заев со петни жили се обидува да им го оспори.

Тоа е недозволиво. Тоа говори за нискиот демократски капацитет на СДС. Тоа говори за стравот кој владее кај Заев и кај СДС од соочување со народот по вака важни прашања.

Одржувањето на референдуми во неколку општини во ист ден со локалните избори е единственото логично и рационално решение, бидејќи на тој начин се намалуваат трошоците за одржување и нема ништо спорно во таа одлука на општинските совети.

Граѓаните сега на дело го гледаат недемократскиот принцип на работа на Заев и СДС. Гледаме дека се повторува 2004 година која истата политичка партија и истите ликови повторно одат со нивната максима некои прашања не заслужуваат одговор.

Уставниот суд мора веднаш да го отфрли ова решение на државниот инспекторат, водејќи се согласно Уставот на Република Македонија. Никој не смее да им забранува на граѓаните да се произнесат за ова крупно општествено прашање во ист трошок со локалните избори. Стравот на СДС не смее да биде пречка.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top