Заев и СДСМ прифатиле и носат противуставен закон за двојазичност на цела држава

Поврзани вести

Предлог-законот за употреба на јазиците го крши Уставот на РМ и излегува од она што е договорено со Охридскиот рамковен договор, смета целокупната експертска ајвност. И покрај ова, СДСМ и Зоран Заев прифатиле и носат противуставен закон за двојазичност на цела држава.

Предлог Законот за употреба на јазиците е спротивен на амандманот V на Република Македонија. Во Амандманот V, со кој се замнеува членот 7 од Уставот, никаде не се наведува “албански јазик“, како што се наведува во членот 1 став 2 од предложениот закон.

Во членот 1, јасно се наведува дека под “друг јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“ е албанскиот јазик. Со тоа, со предложениот закон се повредува Уставот, бидејки во аманднманот V никаде не се наведува албанскиот јазик, туку се употребува терминологија “друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член”. Oва е формулацијата содржана и во Рамковниот договор.

Членот 1 од предложениот закон е спротивен на Амандманот V, во кој се наведува дека “друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто исто така е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член”.

Тоа значи дека со овој член од Уставот се определува јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, кој исто така е службен јазик и неговото писмо, а не како што се наведува во член 1 став 2 од Законот за употреба на јазиците со формулацијата “согласно овој закон”.

Со Законот за употреба на јазиците неможе да се изменува Уставот на Република Македонија. Законот за употреба на јазиците не може се стави над Уставот како највисок правен акт на државата. Ниту еден закон не може да биде повисок од Уставот, вели поранешниот министер за правда, Михајло Маневски.

Силјановска: Европското знаменце не треба да стои на овој закон

Професорката по Уставно право и политички систем Гордана Силјановска – Давкова вели дека европското знаменце не треба да стои на овој закон.

– Овој закон оди во скратена постапка со европско знаменце, обидете се да пронајдете директиви или регулативи за јазичните прашања, нема да ви успее тоа. Значи знаменцето не треба да стои на овој закон, вели Силјаовска.

Таа додава дека е спорно тоа што претседателот на Комисијата за европски прашања, кога ја заклучува седницата вели: Усогласен е со европското законодавство. Тоа е спорно.

-Во 2015 година имаше амандмани, во време кога претходната коалиција беше во еден прекрасен политички брак. Ниту еднаш не се прозборе за овој закон. Ако е тоа најважното прашање, а е едно од најважните прашања, особено низ призма на нашите сограѓани Албанци, сигурно дека прво прашање во 2001 година што ќе се решеше е тоа. Во 2008 година исто. Ама јас тогаш чув одговори дека, не можеме да го смениме Уставот дури и во ова студио од колеги по уставно право Албанци. Дека во поглед на јазикот и на симболите треба да се смени уставот, вели Силјановска.

Според неза, Аконот за јазици не е обврска од рамковниот договор.

-Јас не го препознавам во Рамковниот договор основот за токму ваков Закон за јазици. Јас знам дека има во 2008 година недовршени прашања, меѓутоа ова е нешто сосема ново. Значи, не е тоа обврска од рамковниот договор, со одговорот што следи, туку значи на еден поинаков начин требаше да се постави и да се реши ова прашање, додава Силјановска.

Казни во износ од 4.000 до 5.000 евра

Во членот 22 се предвидува глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок која ќе се изрече на органите наведени во член 1 став 3, член 2 став 3, како и сите други институции за непочитување на одредбите од овој закон. Глоба во износ од 30% од одмерената глоба ќе му се изрече на службеното лице и одговорното лице во органите од став 1 на овој член.

Глоба од 4000 до 5000 евра може да се изреќе спрема сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции.

Глоба во износ од 4000 до 5000 евра може да се изрече на сите институции од членот 2 став 3 и тоа: Собрание на Република Македонија, Претседател на Република Македонија, Влада на Република Македонија, судство, јавно обвинителство, Уставен Суд на Република Македонија, Народен Правобранител, во изборниот процес, образованието, науката, здравството, културата, при примената на полициските овластувања, во радиодифузната дејност, нотаријатот, извршувањето, инфраструктурните објекти, матичната евиденција, личните документи, финансиите, економијата, како и во други области.

Глоба во износ од 30% од одмерената глоба се предвидува да му се изрече на службеното лице и одговорното лице во органите од став 1 на овој член.

Ова значи дека глоба е предвидена за сите државни органи, јавни и приватни ретпријатија и институции за повреда на секоја одредба од Законот за употреба на јазиците, како и за службеното и одговорно лице во тие органи и институции.

Ваков налчин на определување на глоба за правно лице и за службено и одговорно лице во правно лице не е предвиден во ниту еден закон. Нема опис на повредата за сторениот прекршок.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top