Заев игра по правилата на Грците: Прв на удар за промена на името аеродромот Александар Македонски, името ќе го носи по поранешниот претседател Киро Глигоров

Поврзани вести

Шефот на грчкото МНР при неговата средба со колегата Никола Димитров во Скопје извесно е дека ќе побара промена на името на скопскиот аеродром, како и на централниот плоштад „Македонија“ во Скопје и автопатот Александар Македонски.
По ова Дипломатскиот Клуб-Скопје ја подржа идејата за менување на името на скопскиот аеродром . Идејата за промена на името во Киро Глигоров ја подржа и ја најави и Премерот Заев, на денешната прес конференција во Владата на Република Македонија.
Крајната цел е промена на името. Грците засега го спремаат теренот за ништење на Македонија со првични ултимативни барања.
Проблемот за решавање на спорот со името се провлекуваше со години а експлицитно јасно е дека на Грците им смета се што е македонско и се што се поврзува со Александар Македонски и не се спремни на никакви компромиси. Заев е решен да смени се, со една и единствена цел за да остане подолго на власт додворувајќи и се на Грција а со тоа и на Европската Унија.
По менување на името на аеродромот Александар Македонски, плоштадот „Македонија“ и автопатот Александар Македонски  неминовна е и промена на името на земјата.
Промената на името на земјата е од исклучително значење, директно задира во корените на еден народ. Со негова промена се негира целата нација и историјата.
Заев е спремен да се одрече од се што е македонско за остварување на некои негови лични каприци.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top