Заев наредил судот секој ден да го повикува Груевски на рочиште за дефокус додека се менува името ?

Поврзани вести

Владата и СДСМ бараат начин како полесно во јавноста да помине промената на името и идентитетот. Стратезите за комуникации му советувале на Заев дека најдобро е да се дефокусира јавноста со други теми кои јавноста ќе ги апсорбира и дискутира секој ден.

За најпогодна тема им се виделе судењата против Никола Груевски и другите од ВМРО-ДПМНЕ. Од овие причини одлучиле да се притисне судот секој ден да закажува рочишта. Провладините медиуми добиле инструкции да имаат новинари на секое рочиште и на половина час да вадат по еден текст од судницата, со цел да се одвлече вниманието на јавноста од продажбата на името и националните интереси и истата да се занимава со тоа што кажал Груевски, што одговорил Миле Јанакиески, што одлучил судијата, и што довикнала Фатиме Фетаи. При тоа инструкциите се во правец, колку и да се во право обвинетите, извештаите и насловите да се такви што ќе ги понижуваат и исмејуваат.

Во исто време Заев и Димитров треба да ја завршат валканата работа со променат на името и идентитетот. Следната недела на Груевски секој ден му е закажано рочиште во судот по три различни предмети. Оваа судска политичка кампања, треба да биде дел од дефокусирањето на јавноста. Се шпекулира дека аберот од Владата бил дека оној судија кој прв ќе донесе осудителна пресуда, СДСМ нема да го заборави и ќе го награди. Судиите ,,ќе се испотепаат,, кој прв да закаже термин за судење во салата за судења.

Погазуваат и закон и правила и сите елементи кои се дел од едно фер судење. Бркаат лична награда и умилкување кај власта за да бидат кариерни наградени. Иако Заев не важи за човек кој држи до зборот, тие сепак се надеваат.

Истовремено Зоран Заев не пропушта прилика а во јавноста да не каже дека тој не се меша во судот, дека сака фер и законско судење, и дека нема ингеренции во судството. Тоа е за јавност. Во позадина, судот и со притисок и со ветена награда е упатен да суди со маратонска брзина, а судиите да не се плашат ако го кршат законот. Судењата станаа фарса. Дел од судиите и не можат да ја сокријат својата наклоност, и нервозата кога ќе се најдат во ќош притиснати со аргументи од адвокатите на обвинителите, кои високо професионално ја вршат својата работа.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top