Заев за судиите: Тие се луѓе со расипан човечки материјал од кој му се гади, но не му пречи да организира реформи со истите луѓе

Поврзани вести

За премиерот Зоран Заев, судиите во Македонија се расипан човечки материјал од кој нему му се гадело.

Ова тој го истакнал на денешниот брифинг со новинарите, а истото беше пренесено од присутните новинари.

-Надвор од темата, премиерот изрази разочараност од сервилноста на судиите и обвинителите, кои претходно му служеле на режимот, а сега се тепале да му служат на неговата влада, што нему многу му сметало, му се гадело од тоа… Премиерот изрази зачуденост како ќе успееме да воведеме вистинско судство и обвинителство со ваков расипан човечки материјал, иако имало поединци кои биле на висината на задачата, пренесе Мактел чиј уредник беше дел од средбата со Заев.

Истите судии кои Заев ги напаѓаше и за него беа дел од „Сваровски судство“, сега не му пречат иако се расипан човечки материјал. Ваквите навреди кон судиите, сепак Заев ги пласираше селективно.

На Заев судиите не му пречат само во случаи кога правдата не е достижна  само за него лично чие рочиште за поткуп од 200.000 евра постојано се одлага и кога се ослободуваат терористи како оние од Смилковското езеро.

Дали за Заев не се “расипан човечки материјал“  само судиите на СДСМ кои и денес го контролираат судството како што се Владимир Туфегџиќ, татко на пратеничката на СДСМ Ивана Туфегџиќ, судијата Огнен Ставрев кој е син на истакнатиот член на Комунистичката партија, а во јавноста познат по тоа што го пушти на слобода Зоран Верушевски, обвинет за сериозни кривични дела како незаконско прислушување, шпиунажа и насилство кон државните институции во случајот Пуч.

Дарко Тодоровски, судија против кој се водат дисциплински постапки во Судскиот совет и поведена е постапка за негово разрешување од судската функција. Воедно, Тодоровски како син на последниот секретар на Собранието на Македонија во еднопартискиот систем, важи за близок до редовите на СДСМ.

Весна Димишкова и Ненад Савески кои ја донесоа одлуката за притвор за настаните од 27-ми април на 36 лица меѓу кои се наоѓаат пратеници, актери, режисери, уметници и полицајци кои се политички неистомисленици на Заев и СДСМ, а чија единствена вина е што си ја сакаат државата.

Седат Реџепагиќ кој претходно два пати одби да му се изреќе мерка притвор за случајот Глобал.

Заев да одговори дали не е “расипан човечки материјал“ мајката на неговиот адвокат Филип Медарски, Елица Медарска, која е обвинител во Вишо ЈО Скопје, а сопругата на истиот адвокат, Софија Медарска, порано Спасова, судијка во Основен Суд Скопје 2 е ќерка на ристе Спасов, секретар на Судот.

 

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top