Според првичните неофицијални информации, во големата полициска акција во Крушопек се запленети 1,3 тони кокаин. Дрогата е колумбиска, а според некои извори требало да биде пренесена во Словенија.

Првичните информации исто така велат дека толкава количина дрога не би се шверцувала доколку преносителите не биле сигурни во каналот за кој не е можно да не му била ветена нема заштита. Колку години овој канал функционирал беспрекорно, истрага допрва треба да утврди, но очигледно е дека Оливер Спасовски како досегашен челник на МВР ќе треба да одговори на низа прашања.

Станува збор за толкава количина дрога што сосема веројатно е дека подземјето допрва ќе трпи пресметки, меѓу себе, но и со оние кои требало да ја обезбедат заштитата.

Претходно, министерот Чулев на ФБ напиша:

-По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога. Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден!

Денешната акција на МВР и министерот, дава повеќе објаснувања и за синхронизираните напади врз него кои овие денови доаѓаа од опозицијата и нејзините медиуми.