Жена ранета на свадба во тетовско

Поврзани вести

Во 17 часот и 15 минути во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив била донесена 38-годишната М.О. од селото Мала Речица, тетовско, со повреди во пределот на нозете нанесени од огнено оружје.

По извршениот разговор констатирано е дека повредите ги добила на свадбена веселба во селото, во дворот на куќата на 44-годишниот М.Н. кој со пиштол кој го поседувал со дозвола испукал неколку куршуми, од кои еден ја погодил неа.

Од страна на СВР Тетово е излезено на местото на настанот, направени се фотографии, а М.О. е лишен од слобода и приведен во Полицијата во Тетово.

Пиштолот и четири испукани чаури се обезбедени за понатамошна постапка. По консултација со Јавен обвинител, М.О. е ослободен, а по целосно расчистување и документирање на настанот, на истиот ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top