Женската ракометна репрезентација на подготовки во Турција

Поврзани вести

Од денес женската ракометна репрезентација на Македонија до недела ќе одигра три контролни натпревари во рамките на подготовките за квалификациите за Европското првенство 2018.

Македонија во првото коло на турнир во Турција ќе игра против Турција А, а во сабота противник ќе и биде Б селекцијата на Турција. Во недела противник на Македонија е селекцијата на Италија.

Симе Симовски, селекторот на женската ракометна репрезентација за овие натпревари ќе смета на 17 ракометарки, додека од понеделник таа бројка ќе се зголеми на 23 ракометарки кога во Скопје ќе продолжат подготовките за дуелите против Шведска на 28.септември на гости и против Србија на 1.октомври на домашен терен, соопшти селекторот.

Да посакаме успех на женската ракометна репрезентација.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top