Златна „Камера 300“ за Милчо Манчевски

Поврзани вести

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола, специјалната награда златна „Камера 300“, за придонес во светската филмска уметност за 2017 година, ќе ја додели на македонскиот и светски режисер Милчо Манчевски.

На 38. фестивалско издание, организаторот информираше дека наградата на Манчевски ќе му биде врачена на свеченото затворање на фестивалот.

Македонската кинематографија, доби нови насока од денот кога во Венеција, престижната статуетка „Златен лав“ отиде во рацете на Манчевски а уште повеќе оној ден кога Џерeми Ајронс на церемонијата на доделување на Оскарите, го изговори јасно и гласно името на македонскиот режисер и воедно името на нашата држава.Милчо Манчевски, роден во Скопје, студира на Филозофскиот факултет во Скопје историја на уметноста и археологија, потоа заминува во САД и во 1983 година дипломира на Факултетот за филм и фотографија на Универзитетот во Јужен Илиноис. Од 1985 до 1991 г. работи во Њујорк како камерман на документарни и наменски филмови, потоа како монтажер на документарци, асистент-сценарист за индустриски видеа, асистент-осветлител и помошник-режисер на спотови. Од 1994 соработува како режисер на проекти за сите седум холивудски студија. Во 1995 година Кинотеката на Болоња, Италија, ја организира првата ретроспектива на Манчевски. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои за филмот „Пред дождот“,номинацијата за најголемата филмската награда Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје, наградата Златен лав за најдобар филм на Фестивалот во Венеција, потоа наградата Златен Чарли на Фестивалот во Монс, Белгија, како и Гран при на Фестивалот на фестивалите во Петроград.

Најновиот краткометражен филм на Манчевски „Крајот на времето“ премиерно ќе биде емитуван утревечер на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top