Знае да брка директори среде фестивал, не знае да плати 10 евра за хостинг: Алаѓозовски го остави Охридско лето без веб-сајт

Поврзани вести

Од секое свирче не се прави стапче – оваа стара мудра мисла може да се употреби за најголем дел од кадрите во владата на СДСМ, меѓутоа еден од оние кои отскокнуваат во нејзината потврда е „културашот“ Роберт Алаѓозовски.

Во овие нешто повеќе од два месеци додека е на функција направи неброено многу глупости, меѓутоа сигурно една од најголемите и најсрамните беше промената на директорот на една од најстарите културни институции во Македонија, фестивалот „Охридско лето“, на само недела дена по нејзиното започнување.

Алаѓозовски овој фестивал на кој настапиле имиња како Хозе Карерас и Енио Мориконе го истретира како да е колонијал-гранапче кое го наследил од неговата фамилија, па затоа и воопшто не чуди што и фестивалот започна така „да се однесува“.

Вечерва граѓани на социјалните мрежи забележаа дека е паднат веб-сајтот на фестивалот, веројатно поради неплатен хостинг, сума која просечно не надминува 15 евра на годишно ниво.

Образложението на Алаѓозовски при смената на директорот Оливер Арсовски беше дека „ги ослободува инстиуциите од вмровските кадри“, па ништо чудо да решил и целиот фестивал кој трае уште 2 недели да го ослободи од веб-сајтот направен во време на ВМРО-ДПМНЕ. Според логиката на Алаѓозовски, подобро е да нема веб-сајт за Охридско лето, отколку да има сајт кој не е направен од кадри на СДСМ.

А можеби сајтот е намерно и плански „миниран и уништен“ како што предлагаа да се постапи со спомениците од Скопје 2014 советниците на Алаѓозовски Ѓунер Исмаил, Владимир Милчин и Мирослав Грчев.

Имајќи предвид дека Заев пред 3 дена ја назначи Цветанка Ласкова за негов специјален советник за култура, јавноста може да очекува дека Алаѓозовски на затворањето на Охридско лето ќе организира концерт на Цветанка на Античкиот театар во Охрид, за да го заокружи спектакуларно неговото „дотерување“ на Охридско Лето годинава. Ќе личи на неговата култура, нема збор!

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top