Зоран Заев со шокантна изјава им порача на младите дека Премиер може да се стане со само 3 часа во училиште

Поврзани вести

Главниот аргумент на Заев во врска со намалувањето на бројот на часови на децата во училиштата, беше: – Што ни фали на нас што имавме по три, четири часа на ден?

Како што пренесува focus.mk , лидерот на СДСМ, Зоран Заев во емисија на TV1 истакнал дека, она што ќе претставува нова политика ќе било рационализација на вкупниот број на часови кој што ќе го изучуваат децата во основните и средните училишта.

– Нашите деца, без разлика наставниците како ќе реагираат, се пренатрупани со часови. Учат еден куп работи, од прво до четврто одделение дечињата имаат и по пет и по шест часа. Детенце од прво до четврто одделение да го држите по шест часа е жално. Тоа дете мора да игра, мора да има детски живот и мора да учи само тоа што му треба. Што ни фали на нас што имавме три до четири часа. Во средно образование мора да воведеме и практична настава. Сите деца не се за факултет, тоа го знаеме. Ако имаме практична настава, тој што не сака да оди на факултет, многу полесно и побрзо ќе најде работа – ја пренесува Фокус, изјавата на Заев.

Во време кога образованието е една од главните алатки за подобар старт во борбата на пазарот на трудот,  Заев вели дека ќе крати предмети во образованието и децата ќе имаат по 3-4 часа во училиште.

Ваквата несериозна изјава на Заев без да посочи некакви научни докази и релевантни информации, за вистинитоста дали децата навистина се преоптеретени со бројот на часови, тој се дрзнува со својот неаргументиран став, од позиција на премиер на државата, во прашање да го доведе интелектуалниот развој на целата држава.

Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ пропаѓираше кампања „Знаењето е сила, Знаењето е моќ“ и ја направи Република Македонија, единствена и лидер во регионот, која го имплементираше еден од најквалитетните образовни системи – Кембриџ образовниот систем.

Јавноста се прашува дали Заев оваа констатација ја темели само врз сопственото искуство и самиот се прогласува како репер за младите, а истовремено државата во која го има главниот збор, уназадува скоро во сите сегменти на општествениот и економски развој за само четири месеци, колку што е на власт.

 

 

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top