Еднократниот данок за најбогатите луѓе во Аргентина за помош во борбата против коронавирусот веќе се спроведува, јави Би-Би-Си.

Со средствата ќе се плаќаат медицински материјали и ќе обезбедат стимулации за компаниите во кризата.

Околу 12.000 Аргентинци со над 2,3 милиони долари приходи ќе треба да платат околу три отсто за регистрираните средства во земјата и повеќе од пет отсто за нивните средства во странство.

Со новиот данок се очекува да се соберат околу три милијарди долари, а парите ќе помогнат и за финансирање на стипендии и социјална помош.

Во декември со 42 гласа „за“ и 26 „против“ Сенатот на Аргентина го донесе т.н. „данок на милионери“ како дел од мерките за борба против пандемијата.

Земјата беше сериозно погодена од пандемијата, што ги влоши веќе високите нивоа на сиромаштија. Речиси 40 отѕсто од населението во Аргентина живее под прагот на сиромаштијата, а стапката на невработеност е 11 отсто.