Бугарското вето за интеграциите на Македонија останува, ама претседателите Пендаровски и Радев со бугарски авион заеднички ќе одлетаат во Рим на чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј.

Не сме таму за да преговараме, вели претседателот, туку да им оддадеме почит на личностите кои не беа спорни ниту во мешовитата историска комисија.

Според Пендаровски, заедничкото чествување е еден добар симболичен гест од двете страни, кој, како што посочи, може да ја олабави атмосферата во пресрет на преговорите меѓу двете земји, а во врска со бугарската блокада во ЕУ.