Цената на електричната енергија во делови на Норвешка по втор пат во историјата падна под нулата, а жителите на јужна Норвешка „се платени“ за користење на струјата, зашто производителите мораат да им платат на корисниците за да можат да ја продадат тогаш кога цените се негативни.

Според норвешкиот локален медиум Е24, кого го пренесува хрватскиот Логично.ком, цените на електричната енергија во Осло и Кристојансед и околината биле негативни четири часа во раните часови во понеделник.

Ова е втор пат во историјата цените на струјата во Норвешка да паднат под нула. Во почетокот на јули цените биле негативни еден час. Тогаш, некои од причините за негативните цени биле снегот на планините, ограничениот извоз и почеткот на летните одмори кога потрошувачката на електрична енергија во Норвешка паѓа под нормалата.

Последната негативна цена е последица на обилните дождови и ветар, како и поголем увоз на струја од Шведска, изјавиле познавачи за Е24. Во сето тоа се своја улога одиграле и високите темпратури.

Се очекува со падот на температурите да порасне и цената на електрината енергија.

Норвешка е најголем западноевропски производител на нафта и гас, а најголемиот дел од електричната енергија ја произведува од хидроелектрани. Од нив задоволува 95 отсто од своите потреби, пишува Логично.