Денеска околу 05.00 часот на улица „Младен Груевски“ во Гостивар од слобода се лишени Ш.О.(21) од Гостивар и З.Р.(35) од Ростуше.

При преглед, кај нив бил пронајден кокаин, по што и двете лица биле задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  Л.Е.(27) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ.

Во Казнено поправна установа Идризово при претрес на Л.Е., кој е осудено лице, пронајдени се и одземени марихуана и хероин.

Кривична пријава против A.K.(22) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ поднесе Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје.

При претрес во домот на пријавениот пронајдена е марихуана.

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  Ѓ.Б.(26) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ.

При претрес на пријавениот пронајдена е марихуана.

Вчера во 08,30 часот во Полициската станица Гази Баба, пријавено е дека на 06/07.01.2019 година во времето од 19,30 до 06,00 часот во Скопје на улицата „Благоја Стефковски“, во црквата „Свети Спас“, непознато лице извршило тешка кражба и одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 19,35 часот пријавено е дека пред кафе бар на ул.Битолска во Демир Хисар дошло до физичка пресметка помеѓу   Д.Ј (40) од с. Вардино,  М.Г (25) од Битола, З.М (39) од Битола од една страна, а од друга страна Н.П. (24) од с. Слепче и И.Т (24) од Демир Хисар, а се вклучиле и други лица.

Бил употребен и нож, а на М.Г. му била нанесена убодна рана. Приведени се четворица учесници. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Ж.Г. (38) од Скопје вчера околу 22 часот пријавила дека додека била во домот на А.С.(30) во село Сопиште-скопско, тој физички ја нападнал и и го одзел мобилниот телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.