Кирил ЛАЗОВ, доктор во Институтот за трансфузиона медицина на РМ

Чинот на драстично укинување на мерките е чин на најголема капитулантска одлука и јавно признание за немоќта и неспособноста на оваа Влада, Комисијата за заразни болести и министерот Венко Филипче да се справат со коронавирусот. Конечно маските паднаа!
Иронијата да биде уште поголема на само ден после објавување на одлуката имаме загрижувачки 26 новозаболени и поразителна бројка на тројца починати.
Кој ќе сноси одговорност за последиците? Вака ли грижата за здравјето на граѓаните ви е најважна? Зошто го ставате под нозе целиот труд на колегите кои будно трепереа над секој човечки живот во борбата со невидливиот пријател?

Ова ли е новата нормалност ?