За прв човек на лекарската комора во игра е доцент д-р Велкова Емилија, родена на 9.11.1959 во Скопје. Д-р Велкова Емилија е истакната личност со долгогодишно работно искуство во својата област. Има значително искуство и со менаџирање на здравствени установи. Д-р Велкова Емилија е автор и коавтор на повеќе од 300 научни трудови, како и трудови печатени во номинирани научни медицински списанија во земјата и во странство.

Доцент д-р Велкова Емилија од 2002 година е Национален координатор за СПИ на СЗО (сексуално преносливи инфекции на Светска Здравствена Организација), а од 2006 станува член на бордот на CTSG на Балкан (Chlamydia Trachomatis Study Group).

Д-р Велкова Емилија е експерт во областа за пренатална дијагностика и имунохематолошки пореметувања кај бремени жени, проблематични пациенти и консултации во врска со појава и интензитет на хемолитична болест на фетус и новородено кај бремени со антиеритроцитни антитела, како и препораки за сигурна трансфузија кај сензибилизирани пациенти и реакции при трансфузии на крв и крвни компоненти кај пациенти.

Велкова Емилија, високо образование стекнува на Медицинскиот факултет на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј”, специјализација по Трансфузиона медицина на Медицински факултет при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј”. Магистер е по медицински науки во областа Трансфузиона медицина со труд под наслов :„ Имунохематолошка дијагностика на еритроцитната алоимунизација во бременоста и пуерпериумот„ и Доктор на медицински науки во областа Трансфузиона медицина со труд под наслов „ Имунохематолошка дијагностика и менаџмент на алосензибилизациите во тек на бременост кон антигените од Rh крвногрупниот систем.

Д-р Велкова Емилија има големо искуство и со менаџирање на здравствени установи. Од 2013-2017 ја врши должноста Директор на Институтот за трансфузиона медицина на Р. Македонија. Во 2014 е номинирана за член на Европската Комисија за Компетентни авторитети во областа на трансфузионата медицина, Совет на Европа во Брисел, Белгија. Во 2015 се здобива со диплома: Директор за менаџирање со квалитет на крвни банки за Македонија, од Европскиот Директоријат за менаџирање со квалитет во медицината (EDQM) при Совет на Европа.

Д-р Велкова Емилија во 2015 година е номинирана за контакт лице за соработка со Здравствена мрежа на Југоисточна Европа, во областа безбедност на крв. Во 2016 година е назначена за експерт во Комитетот на експерти за трансфузија на крв на Советот на Европа/CD-P-TS.

Д-р Велкова Емилија е автор и коавтор на повеќе од 300 научни трудови, како и трудови печатени во номинирани научни медицински списанија во земјата и во странство. Коавтор на книга со меѓународна рецензија“Венска тромбологија”ISBN 978-608-247-677-3, COBISSMK ID 1019783498 (2016); и Автор на учебник “Основи на лабораториска трансфузиона медицина“ Универзитет “Св Кирил и Методија” Медицински факултет (2021).

Д-р Велкова Емилија исто така е автор на „Практикум по трансфузиона медицина„ за студенти по медицина и к.оавтор на прирачник за ученици “ Рамка за сеопфатно сексуално образование“
Има учествувано во повеќе мегународни проекти од областа на трансфузионата медицинапроекти и посетува едукции на повеќе од 50 стручни тренинзи во земјата и во странство, како и учество на меѓународни конференции од областа на трансфузионата медицина во Советот и Европа.