Дарко ЈАНЕВСКИ

На денешното рочиште на судењето за „27 април“, свој исказ имаше и екс претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељановски кој претседаваше со седницата на Собранието на 27 април 2017 година по што народот пред законодавниот дом влезе во Собранието.

Тој истакна дека СДСМ барал седницата да продолжи на 28 април и за тоа приложил поднесок потпишан од 31 пратеник на Собранието. Не знам само зошто тој поднесок не е изложен и пред очите на јавноста, но во принцип, вмровците и кога ги гонат со закана за драконски затворски казни, покажуваат, благо кажано, недугавост. За нивните скапо платени адвокати, кои таму некаде по почетокот на судењето на другте обвинети за „27 април“ кои добија 211 години затвор, се криеја од јавноста, освен еден исклучок, подобро да не зборувам.

Ова подолу е извадок од стенографските белешки за седницата на 27 април. Целиот стенограм од седницата го имате на овој линк. Како што можете да видите, овластен и официјален претседавач на седницата е Трајко Вељановски кого и го гонат како организатор на настаните од тој ден. И Вељановски како претседавач на седницата на 27 април, на крајта вели: „Тука ја прекинувам седницата. Продолжуваме утре во 11 часот“.

Како што можете да видите, во стенографската белешка стои дека седницата прекинала со работа во 18, 01 часот.

После ова се случува изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Изборот е на диво, настрана што нема 61 присутен пратеник бидејќи храбрите комити од ВМРО-ДПМНЕ стојат од страна и плескаат со раченцата пеејќи: „Ова е пуч“.

Бидејќи Вељановски го гонат како организатор на настаните кои се случија после затворањето на седницата од негова страна, а со оглед на тоа што на секој со разумен мисловен апарат му е јасно дека станува збор за смислено сценарио со многу актери, судиите кои го водат судењето за „27 април“ кое е во тек, секако би требало да најдат одговор и на следните прашања:

-Ако Трајко Вељановски ја зааворил седницата и најавил дека таа ќе продолжи на 28 април во 11 часот, тоа значи дека после 18 часот и 01 минута на 27 април 2017 година, во Собранието не се случувало ништо официјално. Каков тогаш уставен поредок загрозиле тие што влегоа во зградата, а со нив и Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и другите?

– Дали тоа што се случувало после затворањето на седницата – гласањето за Талат, а додека славејчињата пееја дека е пуч, е легално или нелегално, бидејќи неспорное дека да не беше тој настан, немше да има ни влесз на аста внатре, откако Крсто Мукоски ги отвори вратите?

-Ако  е легално, каде е документот со кој Вељановски го закажал гласањето за избор на претседател?

-Ако нема таков докуемнт и ако случувањето, односно гласањето е нелегално, која е нивната должност како судии кога во текот на постапката ќе се соочат со докази кои укажуваат дека било сторено кривично дело (избор на Џафери) за кое не се води постапка (пишува тоа во еден закон)!

-Дали всушност за тоа треба да го известат Јавното обвинителство на РМ, она со кое раководи Љубомир Јовески?

-Ако е тоа така, дали должност на судиите не е да го прекинат судењето за наводно загрозување на уставниот поредок додека тоа прашање, за изборот на Талат Џафери не се реши?

-Што всушност сакале да постигнат Вељановски, Ристовски и другите, како и веќе осудените, со влезот во Собранието. Дали тие луѓе ја спречија седницата закажана за 28 април во 11 часот или не е така туку се судени затоа што влегле откако Крсто Мукоски ги повикал отворајќи им ги вратите и откако дознале дека изборот на Талат Џафери се врши на диво? Кој тука го загрозувал уставниот поредок? (Може за ова да ги прашате и вашите адвокати кои, со право, ви ги тенчат нафатираните џепчиња).

-Всушнпот, да сме правна држава, по исказот на Вељановски, СДСМ и ДУИ како организации и оние кои учествуваа во дивото гласање ќе бидат судени за тероризам на 27 април! Тие го нарушија уставниот поредок, тие ја поставија „бомбата“ во собраниската зграда, тие предизвикаа страв и несигурност кај граѓаните! Се разбира, тоа не значи дека не треба да се расплетка целата шема од „27 април“, оти Крсто Мукоски молерот не ја отворил туку-така вратата, но тоа не значи дека вистинските терористи од „27 април“ кои ја предизвикаа сета несреќа со гласањето, треба да останат неказнети.