По четири месеци од уривањето на дивоградбата на локацијата на изгореното кафуле Фонтана кај ТЦ Мавровка, повторно се извишија столбови.

Како што објави „360 степени“ од општината Чаир изјавиле дека сопственикот согласно со првично поднесениот проект на просторот да се постави лесна конструкција има право на тоа.

– Согласно законот за градење, согласно проектот, сопственикот има дозвола да гo врати објектот во првобитната состојба. Нема бетон, столбовите не се бетонски, тоа е лесна конструкција, изјавиле од општината.