Двеста жени поднесоа последниве денови тужби против бразилскиот јасновидец, Жоао де Деус поради сексуално злоставување, соопштија локалните власти.

Обвинителството во Гоиас, во државата Бразил каде Жоао прима пациенти, во градот Абадианиа, примило денеска 78 тужби од жени кои тврдат дека се негови жртви.

Бројни тужби пристигнаа и од други држави. Државниот обвинител рече дека повеќе од 200 жени се обратиле до нив поради сексуални напади од него.

Таа „лавина“ од тужби уследи откако во петокот холандска кореографка Захира Леенеке Масу на телевизијата Глобо изјави дека ја силувал Жоа Тешеира де Фариа (76) познат под псевдонимот Жоао де Деус.