Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во ТВ Телма изјави дека една од причините за тоа што Македонија има висока стапка на смртност од коронавирусот е фактот дека ги пријавуваат апсолутно сите пациенти кои починале, а биле позитивни на Ковид-19.

Сите тие, како што рече Филипче, влегуваат во статистиката починати од коронавирусот.

-Од самиот почеток ги пријавуваме апсолутно сите случаи. Се случува да дојде пациент со друга тешка здравствена состојба, тогаш да му биде направен и ковид тест, тој да почине и потоа да стигне резултатот и да биде позитивен. Ние го пријавуваме и тој случај. И кога некоја друга болест била директна причина за смртта, доколку пациентот бил позитивен на Ковид-19, ние го пријавуваме како смртен случај, рече Филипче.