Еден од најстарите американски војници кои го преживеале нападот на Перл Харбор во Втората светска војна, Џеф Исковиц почина на 103 години во дом за стари лица во јужна Флорида, соопшти неговиот син.

Исковиц бил задолжен за снабдување со оружје во периодот кога се случил нападот на јапонските воени сили врз американското пристаниште Перл Харбор во 1941 година, близу Хонолулу на Хаваите.

Ветеранот ќе биде погребан на националните гробишта во Арлингтон.

На 106 години лани во ноември почина Реј Чавез, кој беше, како што тогаш соопшти Белата куќа – најстариот човек кој го преживеал нападот на Перл Харбор.