За потребите  на нејзината емисија “Живот со стил“ македонската водителка секогаш може да ја видиме во топ форма.

Елена Стефановска и зад камерите се труди да изгледа беспрекорно и да следи разни модни трендови.

Таа е доста активна на социјалните мрежи каде објавува фотографии од нејзините активности и ангажмани, што приватни, што професионални.

Овој пат објави фотографија и се покажа во издание во кое ретко може да ја видиме.

Ако судиме по објавата, највероватно фотографијата е направена по туширање, а Стефановска е без грам шминка.

„Само природно“, напиша Елена во објавата на „Инста стори“.